Од февруари почнаа активности што во текот на март прераснаа во кампања посветена на жената, за превенција и заштита од родово базирано и семејно насилство, под мотото „Има помош за живот без насилство“. Станува збор за иницијатива на Секторот за полициски работи од општа надлежност - Оддел за униформирана полиција, а во координација со одделенијата за превенција, одделенијата за полиција и одделенијата за криминалистичка полиција при секторите за внатрешни работи, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. ,,Има помош за живот без насилство“ – МВР спроведува превентивна кампања за подигање на јавната свест На иницијатива на...Posted by Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme on Thursday, March 12, 2026 - Целта на кампањата е спроведување на превентивни активности, насочени кон информирање на граѓаните за механизмите за пријавување на насилство, поттикнување на навремено реагирање и рана интервенција, заштита на ранливите категории граѓани,...