4 ч.
Николоски: Изградени 70 проценти од браната Отиња, источниот дел од државата ќе го добие првото туристичко вештачко езеро
Изградбата на браната на реката Отиња кај Штип влегува во завршна фаза, со што источниот дел на државата наскоро ќе добие прво рекреативно вештачко езеро. Станува збор за капитален проект кој, покрај туристичката функција, ќе има значајна улога и во наводнувањето и водоснабдувањето во регионот - истакна при денешниот увид во работите, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Според вицепремиерот, овој проект има потенцијал да стане главна туристичка атракција во источниот регион. -Ова ќе биде прво рекреативно вештачко езеро во источниот дел на државата, ова ќе биде езеро кое што треба да го развие туризмот во целиот овој регион, да претставува главна туристичка атракција во текот на летото за жителите од источниот дел на државата, но исто така во текот на годината да се користи за рекреација, тука да доаѓаат луѓе, и секако да се отвараат нови работни места, рече Николоски. Покрај туристичката димензија, се разгледуваат и идеи за уредување на прост...