3 дн.
Потпишани нови 11 нови договори за грант со општините за инвестиции во предучилишното образование
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со градоначалниците на десет општини, потпиша 11 договори за грант, со што се реализира уште една значајна мерка за унапредување на пристапот до квалитетно предучилишно образование и грижа за децата. Договорите се потпишани со општините Пробиштип, Босилово (за населените места Иловица и Радово), Штип, Бутел, Росоман, Чешиново-Облешево, Зелениково, Гостивар, Велес и Боговиње. Активноста е дел од втората компонента на Вториот проект за подобрување на социјалните услуги (SSIP II), кој е насочен кон проширување на опфатот и унапредување на квалитетот на предучилишното образование и грижата за децата од рана возраст. Со овие договори се обезбедува реновирање и опремување на неискористени училишни и општински простории, финансирано од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади, кои ќе бидат пренаменети во функционални објекти за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст. На ов...