2 ч.
Први излезни анкети од изборите во Словенија: Владејачкото Движење за слобода е неофицијален победник на парламентарните избори
Владејачкото левичарско-либерално Движење за слобода освои најмногу гласови на 10-тите парламентарни избори од независноста на Словенија, според првата излезна анкета објавена вечерва. Сите гласачки места, околу 3.000, беа затворени во 19:00 часот, а излезноста до 16:00 часот беше 50,37 проценти, околу еден процент повеќе од истиот период за време на последните парламентарни избори во 2022 година. Првата излезна анкета објавена на словенечкиот јавен сервис покажува дека Движењето за слобода на премиерот Роберт Голоб победи со 29,9 проценти од гласовите, додека десничарската Словенечка демократска партија (СДС) на Јанез Јанша освоила 2,4 проценти помалку. Третата најсилна партија е десничарската Нова Словенија со 9,4 проценти, а Социјалдемократите со 6,7 проценти, Левица и партијата Весна со 6,3 проценти поддршка. Излезна анкета подразбира дека гласачите им кажуваат на анкетарите за кого гласале откако ќе гласаат, па затоа се можни отстапувања од официјалните резултати. Анкетата ја спро...