5 дн.
Очајниот Венко си смисли причина за бркањето на Шилегов: Лажни анкети во кои СДС „растел“?
Во контекст на злоупотребата на психотропни супстанци и обелоденувањето на ликовите од СДС кои ги конзумирале чие обелоденување најави токму Петре Шилегов, денеска „лидерот“ на партијата во распад настапи со една, за него веќе позната небулоза. По којзнае кој пат во неговата куса кариера како прв човек на СДС, Венко денеска пак ги стави во погон лажните анкети. Ова е лоша навика на Филипче, кој во неколку наврати од „ракавот“ тресе измислени анкети. По правило, секогаш без изведувач на истата, без период кога е изведена, без примерок, без нарачател. Сите „нишани“ за една вистинска анкета, не како оние кои ги измислува „лидерот“. Вака, како напати досега, треба да му верувате на Филипче, анкети кои не се за јавност, туку само за него, Фани, Шмрчко, Жерносвки и Ана Сите ве мразам... Така и денеска, запрашан зошто го исклучува непослушниот Петре Шилегов (кој меѓу другото, има 10 пати подолг стаж од него во СДС), очајниот Венко пак се правдаше преку лажни анкети. Замислете, ВМРО-ДПМНЕ и Ми...