30 ч.
Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучиќ и екс советник на Зоран Заев, го води ПР
Башановиќ, кумот на Александар Вучиќ и екс советник на Зоран Заев во владата, го води ПР-от на СДС и Филипче - затоа се опседнати со Србија, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. -Станува збор за контроверзна личност, како и матна личност во областа на енергетиката. Зоран Башановиќ е кум на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со кој не се во најдобри односи, па оттаму, Башановиќ преку Зоран Заев, Венко Филипче и СДС го напаѓа СНС од Србија, како и претседателот Александар Вучиќ, потенцита во изјавата Манасиевски. „Имено, Зоран Башановиќ е естраден турбофолк менаџер и сопственик на телевизија во Србија, човек кој е апсен за крадење облека во САД. Тој е избркан од СНС затоа што склучувал милионски договори во сомнителни комбинации повикувајќи се на кумството со Александар Вучич. Исто така, Зоран Башановиќ е и куќен пријател на Зоран Заев во Грција. Човек кој му беше специјален советник во владата и земаше над 1.500 евра плата во тоа време. Но, како велат - сличнит...