2 н.
Јаков Јозиновиќ на ПРЕС во Скопје се дружеше со новинарите и го најави концертот на 9
Младата музичка сензација, Јаков Јозиновиќ, на ПРЕС-конференцијата која се одржа во четврток, 26 февруари во Скопје, официјално го најави својот прв концерт во Македонија закажан за 9 април оваа година во арената „Јане Сандански“. Пред бројните претставници на медиумите, Јаков зборуваше за подготовките за неговата голема регионална турнеја насловена „Ја за чуда летим“, во чии рамки е и скопскиот концерт, а која што со рекордниот интерес на публиката несомнено годинава ќе ја одбележи регионалната музичката сцена. Популарниот хрватски пејач направи вистинска сензација и со својот успех ги надмина сите очекувања. Имено, само во Белград Јаков има надреални 6 распродадени концерти во „Сава Центар“, од кои првиот за неверојатни 30 минути. Во Љубљана го сруши рекордот во продажба на билети со два датума во арената „Стожице“ и над 20.000 влезници, а на листата со распродадени концерти се и Марибор, Загреб, Нови Сад, Риека, Сплит, Осиек и други градови. Македонската публика на 9 април ќе има мо...