2 н.
Андоновски: Порталот за услуги е најкористената дигитална алатка во државата
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, вечерва во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма истакна дека Порталот за услуги бележи рекордни резултати и станува централна точка за електронските услуги за граѓаните. Според податоците за 2025 година, Порталот за услуги оствари: 290% раст на издадени услуги, и 166% раст на корисници, што, како што нагласи министерот, е јасен показател дека граѓаните го препознаваат, го прифаќаат и се повеќе го користат Порталот како најпрактична дигитална алатка во секојдневието. „Со 290% раст на издадени услуги и 166% раст на корисници во 2025, Порталот за услуги е најкористената дигитална алатка во државата, претставува средиште на електронските услуги кои што се нудат за граѓаните. Јас сум многу задоволен како граѓаните го препознаваат и како го користат, успешноста ја мериме на тој начин – преку бројки“, изјави министерот Андоновски. Тој додаде дека денес Порталот е динамична платформа која генерира 3 до 4 нови услуги месечно,...