1 м.
Мистер Бист нуди 1 милион долари за решавање на загатката од Супербоул
Познатиот јутјубер Мистер Бист нуди 1 милион долари за секој што ќе успее да ја реши загатката скриена во реклама за Супербоул. Креаторот на содржини, чие вистинско име е Џими Доналдсон, е познат по своите предизвици во рамки на кои дели сериозни пари, а овој пат решил дел од својата публика да ги претвори во ловци на кодови. Во реклама на „Salesforce“, Мистер Бист ги поканува гледачите да решат серија загатки. Тој исто така вели дека може да се користи вештачката интелигенција на „Salesforce“, а првата личност што ќе му го испрати точниот скриен код преку „Слек“ ќе освои 1 милион долари. Натпреварувањето не е за секого Сепак, натпреварувањето не е за секого, односно можат да учествуваат само легални жители на САД, Канада и Мексико, а се затвора на 2 април, што значи дека секој што сака да се обиде има ограничено време. Соработката се случила откако Доналдсон кон крајот на минатата година објавил дека со години имал идеја за реклама за Супербоул и дека барал бренд што ќе му дозволи да ...