3 н.
Вонредни информации за поплавите во Македонија: Се интевернира каде што е неопходно
Обилните врнежи предизвикаа сериозни проблеми во повеќе делови низ државата, а екипите на општините, противпожарните служби и институциите за заштита и спасување непрекинато интервенираат на критичните места во Скопскиот, Кумановскиот, Тетовскиот и Гостиварскиот Регион, каде што има излевање на реки, поплавени домови, свлечишта и затрупани одводни канали. Според вонредните информации од Центарот за управување со кризи за состојбата до 17:00 часот, во Скопскиот Регион, во Општина Сарај поради поплавите во селата Буковиќ и Семениште, преземени се координирани активности за надминување на состојбата. -Интервенираа екипи на Општина Сарај, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, ЈП Водовод и канализација – Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување. Активностите се насочени кон расчистување на зафатените подрачја, одводнување на поплавените површини и создавање услови за постепено нормализирање на состојбата. Надлежните служби и понатаму ја следат состојбата на терен - се вели в...