4 дн.
Белград домаќин на Вториот состанок на учесниците на светската изложба „Експо 2027“
Белград од денеска е домаќин на Вториот состанок на меѓународните учесници на специјализираната изложба „Експо 2027“, во чии рамки во главниот град на Србија престојуваат речиси 500 делегати и претставници на медиумите од 137 земји. Меѓу претставниците на земјите учеснички се водечките светски економии како Соединетите Американски Држави, Германија, Франција, Италија, Шпанија и Кина, а на собирот учествуваат и делегати од Бразил, Мексико, Аргентина, Обединетите Арапски Емирати, Јапонија, Русија, Саудиска Арабија и Израел, како и од клучните држави на африканскиот континент – Јужна Африка, Нигерија, Египет и Етиопија. Во Белград се присутни и претставници на Обединетите нации и други значајни меѓународни организации и развојни агенции. Во текот на трите дена, на едно место се собрани министри, државни секретари, амбасадори и директори на национални институции задолжени за економија, трговија, иновации, туризам, култура и спорт. Нивната задача е заедно со организаторите да ги дефинираат ...