Законските процедури за добивање лиценца, обврските при склучување договори за обезбедување, како и овластувањата на работниците при контрола на влез и присуство на малолетници во објекти, се во фокусот на денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, на кое во својство на сведок – технички советник, сведочеше Верица Милевска-Стефановска, претседател на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување. На прашања на Обвинителството, Милевска-Стефановска појасни дека Министерството за внатрешни работи (МВР) издава дозвола за вршење дејност врз основа на строго утврдени законски критериуми. Физичкото обезбедување, појасни, опфаќа телесна заштита, мониторинг, патролно обезбедување, како и обезбедување на јавни собири и спортски настани. – За да можат да работат компаниите во секторот приватно обезбедување, МВР врз основа на одредени законски критериуми ќе даде дозвола за вршење дејност во вид на давање услуги за физичко и техничко обезбедување или за сопствени потр...